18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на McDonald’s

Пад на профитот на McDonald’s

mcdonaldsdkl4309ty54ujyhop45j[ohyj4[6pjhu

Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ во третиот квартал забележа пад на профитот, погоден од скандалите во Кина и силната конкуренција во САД.

Нето заработката на компанијата е намалена во трите месеци, заклучно со септември, на 1,07 милијарди долари, односно 1,09 долари по акција во однос на минатогодишниот трет квартал кога таа изнесуваше 1,52 милијарди долари или 1,52 долари по акција, пренесува Ројтерс.

Вкупните приходи на најголемиот светски ланец ресторани за брза храна истовремено се намалени за 4,6 проценти на 6,99 милијарди долари.

Глобалната продажба вo рестораните отворени најмалку 13 месеци е намалена за 3,3 проценти, додека аналитичарите очекуваа глобален пад од три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП