5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаправен смартфон за лицата со оштетен вид (видео)

Направен смартфон за лицата со оштетен вид (видео)

slepi smartfon

Со цел да им овозможи и на слепите лица што полесно да користат смартфон, индиската компанијата „Kriyate“ создаде паметен телефон за лицата со споменатиот инвалидитет.

Иако на модерните телефони постојат опции, како што се гласовни команди и вибрации кои значително го олеснуваат користењето на уредот, споменатиот телефон користи мали иглички кои ќе го „исцртуваат“ зборoт, бројот или сликата, користејќи ја Браевата азбука која ја учат слепите лица.

Овој уред ќе чини 184 долари, што воопшто не е скапо кога ќе се земе во предвид дека производот е наменет само за одредени лица.

Станува збор за навистина интересен, пред се корисен уред, кој секојдневно ќе им помага на слепите лица.

Погледнете го видеото од претставувањето на овој смартфон:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП