24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и ММФ: Кипар е камче во чевелот

ЕУ и ММФ: Кипар е камче во чевелот

kipar1

Новоизбраниот претседател на Кипар, Никос Анастасијадес, сака што поскоро да постигне договор за кредит за спас на својата презадолжена земја, но се чини дека договорот нема лесно да се постигне.

Неговите желби би можеле да се судрат со отпорот на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, кои сакаат да го избегнат сценариото кое го доживеаа со Грција.

„Кипар е камче во чевелот, Мало и досадно, тоа може да ве спречи да чекорите“, изјави неименуваниот европски дипломат, пренесува агенцијата АП.

И покрај изборната победа на европски ориентираниот Анастасијадес, ситуацијата сеуште е сложена во Кипар, кој посакува кредит од европските партнери во висина од 17 милијарди евра, колку што е вредноста на неговата економија.

Германија и Франција ја повикаа новата влада на Кипар да се договорат за заемот кој и е потребен на таа земја, но се чини дека целта е неизвесна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП