Изразувајќи сензуалност, оваа када ве смирува и ги стимулира вашите сетила, ве повикува да побегнете и медитирате, далеку од грижите и стресот.
Едноставноста на оваа луксузна када е нејзината форма и функција. Линијата и органските форми се изработени од страна на компанијата „Libero Design“. Тие биле инспирирани од школките кои произведуваат бисери, па оваа када затоа и го добила називот „Sedef“.
Кадата ви овозможува да креирате своја сопствена комбинација на светло, звуци и ароматерапија. Можете да изберете една од велнес програмите – за опуштање, енергија, забава, тропско задоволство – или да креирате ваша програма која може да биде меморирана.
Интегрираната саксија ви овозможува садење на цвеќе какво што сакате, па на овој начин ќе можете да уживате и во парче од природата. Славините и тушот се сокриени. Оваa „се во едно“ структура овозможува чувствo на совршенство.
„Sedef“ кадата е повик за опуштање и размислување, одмор за душата и остатокот од телото.