20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо 3-тиот квартал се испорачани 45.2 милиони лаптопи

Во 3-тиот квартал се испорачани 45.2 милиони лаптопи

laptopi isporaki 35

Според компанијата „Digitimes Research“, глобалната испорака на преносни компјутери во текот на третиот квартал достигна бројка од 45.2 милиони примероци, што не ги вклучува „2-u-1“ уредите. Тоа е секвенционален раст од 6,4%, т.е. 2,6% на годишна основа.

Во испораката водечка е компанијата „Hewlett-Packard“ со глобален удел од 21%, втората е компанијата „Lenovo“ со удел од 20,9%, додека трет е „Dell“ со удел од 12,5%.

Потоа следи „Acer“ (со удел од 9,7%), „Apple“ (8,5%), „Asus“ (8,3%), а на крајот е „Toshiba“ (6,2%).

Кај „ODM“ произоводителите на преносни компјутери на водечко место „Quanta Computer“ со удел во испораките од 34,6%, на второ место е „Compal Electronics“ (32,2%), по што следи „Wistron“ (15,7%), „Inventec“ (6,7%) и „Pegatron“ (5,7%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП