26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитичката несигурност во Италија ги потресе европските берзи

Политичката несигурност во Италија ги потресе европските берзи

berza23

На европските берзи цените на акциите утринава нагло се намалија поради неизвесноста во Италија, инвеститорите на пазарот се плашат од продлабочување на должничката криза кај оваа членка на еврозоната.

ФТСЕурофист индексот на 300 водечки европски акции утринава се намали за 1,3 проценти, на 1.151 поени.

Лондонскиот ФТСЕ, франкфуртскиот ДАКС и парискиот ЦАЦ утринава се намалија помеѓу 1,5 и 2,5 проценти.

Остриот пад на цената на акциите е поради стравувањата на инвеститорите од влошување на економската ситуација во Италија, откако на парламентарните избори анти-евро партијата освои повеќе од 50 проценти од гласовите, што би можело да ги загрози неопходните реформи и да пробуди криза во третата по големина економија во еврозоната.

Италијанскиот ФТСЕ МИБ се намали за 1,6 проценти, но овој резултат беше пред да започнат тргувањата со акциите на банките, потоа тој се намали за повеќе од 5 проценти.

„Нема јасен победник на италијанските избори, а пазарот ја мрази неизвесноста. Ако ситуацијата не се промени во наредните неколку дена, цената на акциите лесно може да падне за 3 или 4 проценти“ вели Тери Терисон, управен директор на компанијата „ McLaren Securities“.

Ова утро, остро падна и шпанскиот ИБЕКС иднекс за 3,4 проценти.

На берзата во Токио индексот НИКЕИ се намали за 2,3 проценти, на 11.398 поени, што претставува негов најголем дневен пад за повеќе од еден месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП