27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоларот го намали профитот на Philip Morris

Доларот го намали профитот на Philip Morris

philipmorris12

Американскиот производител на цигари „Philip Morris“ во третиот квартал забележа пад на профитот од осум проценти.

На резултатот, пред се, влијаело намалувањето на приходите од продажбата на цигари на странските пазари, како и неповолниот курс на доларот.

„Philip Morris“ надвор од САД заработил 2,15 милијарди долари односно 1,38 долари по акција, во однос на 2,34 милијарди долари или 1,44 долари по акција од минатогодишниот трет квартал, пренесува агенцијата АП.

Кога ќе се исклучат акцизите, приходите се намалени за еден процент на 7,86 милијарди долари, малку надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа приходи од 7,74 милијарди долари.

Испораките на цигари се намалени за еден процент на 222,3 милијарди парчиња. Испораките во Латинска Америка се намалени за два проценти, а во Азија за 1,3 проценти. Во регионот кој ја опфаќа ЕУ, Источна Европа, Блискиот исток и Африка, испораките пораснале за нешто помалку од еден процент.

Компанијата, сепак, наведе дека нејзиниот пазарен удел е зголемен на некои клучни пазари, вклучувајќи ги Аргентина, Франција, Германија, Италија, Русија, Шпанија и Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП