26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на добивката на American Express

Раст на добивката на American Express

american exppress s

Најголемиот светски производител на картички, компанијата „American Express“ објави за 8.1 проценти поголема добивка во третиот квартал од оваа година, благодарејќи на поголемата потрошувачка на американските клиенти со кредитните картички.

Вкупната нето добивка на „American Express“ во тој период достигна 1.48 милијарди долари. Во исто време, нето приходите од каматите пораснаа за 8.7 отсто или на 1.4 милијарди долари, додека вкупните приходи останаа скоро непроменети и изнесуваат 8.33 милијарди долари.

Потрошувачката на Американците на картичките на оваа компанија е зголемена за 9 проценти, што ја зголеми добивката на „American Express“ во тој сегмент од работењето за 14 отсто. Овој сегмент од работењето учествува со три четвртини во добивката на компанијата.

„American Express“, која издава сопствени картички, за разлика од ривалите „Viza“ и „MasterCard“ кои соработуваат со банки, така остварува корист од својата главно богата база на купувачи и ниските затезни камати. Меѓутоа, едноцифрениот раст на потрошувачката на корисниците на картички во последните две години ја поттикна компанијата да стартува низа нови производи, како картички без надоместоци со кои целат на поширок спектар на купувачи.

Сепак, извршниот директор Кенет Ченаулт вели дека приходите на „American Express“ бележат раст со побавно темпо од долгорочната цел на компанијата.

„Иако економијата е се посилна, нашите приходи не растат така бргу или континуирано, како што повеќето би сакале“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП