28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорупцијата го чини светот 5.860 милијарди долари

Корупцијата го чини светот 5.860 милијарди долари

corruption_image

Цената на корупцијата е запрепастувачка. Во деценијата од 2001 до 2010 година, во 150 земји во развој, незаконски биле однесени 5.860 милијарди долари, според податоци на организацијата ,,Глобална финансиска исправност”.

Кина е на чело на тој список со 2.750 милијарди долари незаконски одлеан капитал во тој период. Мексико е втор, со повеќе од 476 милијарди долари потрошени за корупција, што е повеќе од четири и пол илјади долари по жител. Русија е на петто место со 152 милијарди долари.

Нигерија е на седмо место, и е највисоко рангирана африканска земја со 129 милијарди долари, односно 864 долари по жител.

Организацијата ,,Глобална финансиска исправност” укажува на тоа дека една од најголемата финансиска ,,црна дупка” е всушност САД, каде што анонимни фирми можат едноставно да се регистрираат и потоа да служат како канал на нелегални пари.

Организацијата за следење на корупција вели дека банкарските тајни во западните држави, меѓу кои се и Швајцарија и некои карипски острови, привлекуваат готовина од корупција и им го олеснува нивниот проток.Без разлика што корупцијата е распорстранета , борбата за сузбивање се интензивира и шири низ целиот свет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП