25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку не „чинат“ зависностите?

Колку не „чинат“ зависностите?

alcohol-and-cigarettes

Интернет страницата „Treatment4addiction“ спроведе истражување и пресмета колку пушењето и конзумирањето алкохол и дрога просечно им одземаат на луѓето часови и години од животот.

Редовното конзумирање на два или повеќе алкохолни пијалоци дневно, според најновите резултати, на човекот му одзема дури 23 години од животот, а само два пијалока можат да го чинат 6,6 часови од животот.

Оваа статистика се однесува на лицата кои почнале редовно да пијат алкохол од 16 години и дневно просечно пијат по 2,14 пијалоци. Овие луѓе просечно живеат 55,6 години, додека лицата кои не конзумираат алкохол 23,1 години подолго.

Редовното пушење на кутија од 20 цигари дневно, одзема 10 години од животот, додека само една цигара го чини хроничниот пушач 14 минути.

Луѓето кои почнале да пушат на возраст од 17,8 години и во текот на денот испушат една кутија би можеле да живеат 68,7 години.

Зависниците од кокаин со секоја нова доза од дрогата гупат пет часа од животот, а со секојдневно конзумирање 34 години од животот и умираат во просек на 45 години.

Зависниците од метадон го скратуваат својот живот за 38 години и обично умираат на 41-годишна возраст.

Метамфетаминот ги чини зависниците дури 42 години од животот, а просечен зависник умира на 37 години, доколку почнал да ја користи оваа дрога на возраст од 19,7 години.

Тоа е пократок животен век за 41,9 години од просекот на здравите луѓе.

Хероинот одзема дури 41 година од животот, а просечен зависник умира на 38-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП