19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJPMorgan Chase се врати на патот на профитот

JPMorgan Chase се врати на патот на профитот

A

Американската банка „JPMorgan Chase“ се врати на патот на профитот во третиот квартал, по големата загуба во истиот период претходната година на име на судските трошоци.

Најголемата американска банка според обемот на средствата во третиот квартал оствари профит од 5,57 милијарди долари односно 1,36 долари по акција, пренесува агенцијата Франс прес.

Федералното истражно биро и другите агенции продолжуваат со истрагата на бројните пропусти во „JPMorgan Chase“. Банката наведува дека хакерите пристапиле до информации за 76 милиони домаќинства и седум милиони компании, но нема докази дека до хакерскиот напад дошло поради безбедносни пропусти во банката.

„JPMorgan Chase“ во третиот квартал од 2013 година изгуби 380 милиони долари поради решавањето на споровите за продажба на хипотекарни обврзници пред настанувањето на проблемите во секторот за недвижнини на американскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП