24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗлато за McCann на фестивалот „Голден драм“

Злато за McCann на фестивалот „Голден драм“

McCann-najuspeshna-mrezha-656x320

Агенциската мрежа McCann за Централна и Источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на И&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа на 21. издание на фестивалот за рекламирање „Голден драм“ во Порторож.

На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи и 291 агенции од 24 држави кои пријавија вкупно 1.220 трудови.

Од McCann информираат дека за освојување на признанието, придонеле и агенциите McCann во Белград и Тирана кои работат во рамки на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum). Кампањата „Драма во такси” која McCann Белград ја направи за „Југословенскиот Драмски Театар” освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата на директни кампањи. Агенцијата McCann Тирана, пак, освои сребрена награда (Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“ посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на „Golden Drum”.

Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa, оценува дека наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во Централна и Источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите McCann агенции. – Горд сум што кон тој успех придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на „Golden Drum” фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност, изјави Шапер.

„Golden Drum” е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Организатор е Словенечката огласувачка комора.

„I&F McCann Grupа ” е една од водечките комуникациски мрежи во Југоистична Европа која работи во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки и креативни решенија за развој на нивните брендови, преку сите канали на комуникација. Агенциите кои работат во рамките на „I&F McCann Grupа” се дел „McCann Worldgroup“ (www.mccannworldgroup.com), една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи со повеќе од 120 земји во светот, со традиција долга 111 години и која работи во рамките на „Interpublic Group (IPG)“ (www.interpublic.com), најстарата американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП