23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално деби на Nissan Nismo Note (фото)

Официјално деби на Nissan Nismo Note (фото)

Nissan-Note-NISMO-S-white-630x407

„Nissan“ во Јапонија и официјално ја лансираше спортската, „Nismo“ верзија на моделот „Note“ кој се одликува со атрактивен изглед, поголеми тркала и спортски ентериер.

Во понудата ќе бидат две верзии, и тоа „Note Nismo“ и „Note Nismo S“.

116347-nissan note 11

Note Nismo“ доби променет екстериер (нов преден браник со спојлер, прагови, заден браник со дифузор, заден спојлер на покривот, „Nismo“ маска, црвени елеметни), „LED“ дневни светла, сет нови алуминиумски тркала (16 инчи кај „Nismo“ и 17 инчи кај „Nismo S“ верзијата), спортски пружини, хромирана издувна цевка, како и подобрен ентериер (спортски седишта, кожен волан, спортски педали, црвени детали…).

116348-nissan note 111

Купувачите ќе можат да одберат меѓу „CVT“ трансмисија и мануелен менувач ( овој последниот само во „Note Nismo S“ верзијата).

„Nissan Note Nismo“ ќе го придвижува стандарден 1.2-литарски бензинец, додека „Note Nismo S“ под хаубата ќе има 1.6-литарски агрегат со 138KS, a исто така доби и спортски издувен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП