
Компанијата „Google“ планира да го прошири своето главно представништво во Калифорнија со што би се осигурала дека нивните вработени ќе бидат „размазени“ како никогаш досега, а целиот проект ќе чини 120 милиони долари.


Компанијата „Google“ планира да го прошири своето главно представништво во Калифорнија со што би се осигурала дека нивните вработени ќе бидат „размазени“ како никогаш досега, а целиот проект ќе чини 120 милиони долари.
Нивниот тим на архитекти ги анализирале огромниот број на податоци и внимавале на секој детал, од излезот до залезот на сонцето, брзината на ветерот и формата на комплексот, се со цел нивните вработени да бидат што попродуктивни. Но исто така тие да се чуствуваат и пријатно на своето работно место. Вработените ќе бидат оддалечени на минимум две минути пешки еден од друг.

Овој интернет гигант ја започна изградбата на површина од 1.1 милион квадратни метри, а комплексот ќе биде готов до 2015-та година. Ова е првпат компанијата да гради проект од почеток, затоа што досега преставништвата беа модифицирани или надградувани.
Комплексот, кој исто така е познат како „bayview“, ќе биде направен од девет згради во облик на бумеранг, а секоја од нив ќе има четири ката. Гуглплекс, како што го викаат вработените, ќе има барови, ресторани, дворови, теретани, билјардски маси, голф терени, сала за клуглање и многу други работи. Сите девет делови од комплексот ќе бидат поврзани со мостови, а автомобилите ќе бидат паркирани во подземни гаражи.

Инаку, „Apple“ исто така прави свој нов комплекс кој се простира на 2.8 милиони квадратни метри за своите 13.000 вработени во градот Капертино.