20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсчезна веста за укинување на работните логори во Кина

Исчезна веста за укинување на работните логори во Кина

chinaworkingcamp

Веста за укинување на работните логори за реедукација, која денес ја објавија кинеските медиуми, „исчезна“ во текот на денот во службените медиуми бидејќи најверојатно била објавена прерано, пренесе агенцијата АФП.

Телевизијата ЦЦТВ ја пренесе изјавата на Менг Јианжуа, лидер на политичката и правосудната комисија на Кинеската комунистичка партија, дека „по одобрувањето на Кинеското народно собрание, оваа година ќе биде укинат системот за реедукација“.

Меѓутоа, веста исчезна и наместо неа, агенцијата Нова Кина објави многу нејасна вест, дека „кинеската влада оваа година ќе работи на реформите на контраверзниот систем на реедукација за работа“.

Противниците на тој систем, кој Кина го презема од Советскиот Сојуз, се се погласни, а меѓу нив е и дел од членството на КП Кина. Адвокатите и невладините организации најсилно бараат негово укинување, но се сомневаат во подготвеноста на новиот кинески политички врв за вистински промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП