23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрај на соработката на Lego и Shell (видео)

Крај на соработката на Lego и Shell (видео)

lego-shell

Познатиот производител на играчки „Lego“ објави дека нема да го обнови договорот со нафтената компанија „Shell“.

Се претпоставува дека критиката на јавноста по видеото на „Greenpeace“ во кое се гледаат пејсажи направени од „Lego“ коцки кои исчезнуваат под црната нафта беше клучниот фактор за прекин на соработката.

„Greenpeace“ со ова видео им порача на милиони свои симпатизери дека „Shell“ со својот маркетинг потег ја „загадува имагинацијата на децата“.

Милиони луѓе реагираа на споменатото видео и успеаа да се изборат за прекин на соработката на овие две компании.

„Greenpeace“ сега ќе се насочи кон спречување на оваа нафтена компанија наредната година да добие дозвола за ископување во Аљаска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП