25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелегација на Светската туристичка организација во посета на Македонија

Делегација на Светската туристичка организација во посета на Македонија

map-of-the-world

Делегација на Светската туристичка организација, која функционира во рамки на Обединетите нации, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Во составот на делегацијата се извршниот директор на придружните членки на организацијата, Јоланда Пердомо, експертот по односи со јавност Хозе Гонзалез Ривера и заменик-генералниот директор на фирмата „Кетчум“.

За време на посетата, предвидено е делегацијата да оствари средба со раководството на Универзитетот, како и да се сретне со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со кого треба да разговара за промоција на проектот „Ски центарот Водно“.

Од Универзитетот за туризам и менаџмент, најавена е и средба на делегацијата со владини претставници на која покрај за проектот „Ски центар Водно“, ќе се разговара и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и оваа организација во областа на туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП