29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМодерна резиденција во Мексико (фото)

Модерна резиденција во Мексико (фото)

fft1

Оваа прекрасна куќа во обликот Y, се наоѓа во малото гратче во Мексико, Сан Луис Потоси…

Внатрешноста нуди прекрасен амбиент во кој ќе се чувствуате релаксирано и ќе бидете далеку од динамичниот начин на живот. Куќата е опкружена со цврст ѕид од тули и има мала отворена џакузи бања за опуштање. Целиот проект е заслуга на архитектонското студио „Групо Волта“, таа е една од најубавите дизајнирани куќи во овој дел од Мексико.

Куќата е пространа и транспарентна, нејзината поставеност е прекрасна, односно во неа сончевите зраци се достапни од подот до таванот. Во дворот има палуба, каде што е позиционирана терасата, таму можете да уживате во прекрасното утринско кафе.

Елегантна, модерна и луксузна, со модерни парчиња на мебел, дневната соба е со едно стакло одвоена од терасата. Таа е украсена со прекрасен облик на метални лустери во форма на меурчиња кои висат од плафонот. Дневната соба е сместена во еден од аглите на куќата и во неа сонцето е присутно во текот на целиот ден.

Внатрешноста е дизајнирана според вкусот на богатите, во оваа куќа има парчиња мебел од познати марки, уметнички дела кои чинат стотици американски долари, декоративни лустери, специфично креиран мебел кој одговара на комплетниот дизајн.

Погледнете го ова луксузно катче

fft2

fft3

fft4

fft5

fft6

fft7

fft8

fft9

fft10

fft11

fft12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП