19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалатасарај му должи плати на Снајдер

Галатасарај му должи плати на Снајдер

vesli snajder 334

Холандскиот фудбалер Весли Снајдер размислува за раскинување на договорот со Галатасарај, кој му должи милион евра за последните три месеци.

Како што пренесуваат холандските медиуми, поранешниот играч на Интер и Реал Мадрид, би можел да побара од ФИФА да го раскине договорот со турскиот клуб, доколку во меѓувреме не се пронајде решение.

Снајдер на холандските медиуми им потврди дека Галатасарај му должи пари.

„Вистина е дека ми должат и очекувам тоа наскоро да се регулира“, вели Снајдер.

Тој нагласи дека сега е посветен на играта за репрезентацијата.

„Сега сум фокусиран на селекцијата. Мојот менаџер се грижи за мојот статус во клубот“, додава тој.

Манчестер Јунајтед во последно време беше заинтересиран за 30-годишниот холандски играч, кој досега главно изразуваше желба да остане во турскиот клуб.

Снајдер има договор со Галатасарај до 2016-та година, а преговорите за евентуално продолжување на соработката се стопирани, додека не се реши финансиската состојба со клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП