Saint-Germain-en-Laye е населба која се наоѓа западно од Париз, на многу мала одалеченост, а позната е како една од најлуксузните места за живот…
Имотот кој ќе ви го претставиме сега, со совршени архитектонски елементи, го потврдува претходно споменатиот факт.
Овој дом е сместен на имот од 2,7 хектари, во кои се претставени совршената француски градини. Самата вила многу потсетува на палата, поради својата грандиозност и големите површини кои ги зазема (1.000 м2). Таа има шест спали соби, три бањи, голема соба за прием и главен апартман.
Луксузниот мебел и декорациите на совршен начин ја надополнуваат аурата на грациозноста и елеганцијата.
Покрај пространите градини, како дел од овој имот се и базенот и тенискиот терен. Цената на овој имот во предградието на Париз е околу 7 милиони долари.