29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo достигна 20 % удел во глобалниот пазар за компјутери

Lenovo достигна 20 % удел во глобалниот пазар за компјутери

lenovologo_0_0_468X10000

Мултинационалната групација „Lenovo“, со седиште во Кина, достигна во третиот квартал од тековната година 20 проценти удел во глобалниот пазар за компјутери, со што ја потврди водечката позиција во овој сектор, покажуваат најновите податоци на истражувачката компанија „IDC“.

Истовремено, глобалната компјутерска индустрија покажа знаци на подобрување со умерениот пад од само 1,7 проценти, што е значително подобро од претходните прогнози на IDC кои изнесуваа -4,1 проценти.

Во комапнијата истакнаа дека водечката позиција во сектрот за компјутери ја држат веќе шести квартал по ред и дека истовремено го прошириле работењето.

Во моментов, компанијата е и меѓу трите најголеми производители на таблети, а се очекува дека наскоро ќе биде и помеѓу првите три лидери во секторот на смарт телефоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП