24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте главниот конкурент на Coca-Cola

Расте главниот конкурент на Coca-Cola

pepsi co 2

Американскиот агроиндустриски гигант „PepsiCo.“ ја подигна прогнозата на годишните резултати, поради тоа што третиот квартал го завршија со нето профит од две милијарди долари.

Растот во тој период изнесуваше пет проценти на годишно ниво.

Приходите од продажбата на производителот на популарниот безалкохолен пијалок „Рepsi“ во истиот период достигнале 17.22 милијарди долари, и два отсто се поголеми отколку во истиот квартал од минатата година.

Аналитичарите од „Волстрит“ прогнозираа во просек приходи од 17.08 милијарди долари.

Благодарејќи на одличните тримесечни резултати, овој главен конкурент на „Сoсa-Сolа“ за тековната година смета раст на профитот од двете отсто во однос на 2013-та година, наместо осум проценти, како што претходно имаше најавено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП