Јапонската филијала на „McDonald’s“ во тековната година очекува загуба од работењето, прв пат по 11 години, и тоа во износ од 17 милијарди јени (157 милиони долари).
Оваа компанија во чија сопственост американскиот гигант учествува со 49,9 проценти, претпрпе последици од скандалот кој најпрво ја погоди Кина, околу продажбата на месо со поминат рок на траење од добавувачот „OSI“ од Шангај, пренесува францускиот весник Капитал.
Овој скандал на јапонскиот „McDonald’s“ се проценува дека во август му ја намалил продажбата за 25 проценти.