24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина доби кредит од 610 милиони долари

Украина доби кредит од 610 милиони долари

ukraina

Украина потпиша меморандум за разбирање со Европската унија за добивање на кредит во износ од 610 милиони евра.

Овој договор е условен со одлука на Европската комисија која треба да процени дали Украина успешно ги спроведува условите од финансиските аранжмани со Меѓународниот монетарен фонд.

Меморандумот во Брисел го потпишаа министерот за финансии на Украина, Јуриј Колобов, Гувернерот на Националната банка на Украина, Ихор Соркин и потпретседателот на Европската комисија за економски и монетарни прашања, Оли Рен. Позајмицата ќе биде доделена на четири рати, од 100, 10, 250 и 250 милиони евра во период за отплата од 15 години. Каматната стапка за доделениот кредит не е соопштена.

Во јули 2010-та година ММФ одобри стендбај аранжман за Украина во износ од 15.15 милијарди долари за поддршка на украинските власти за економско прилагодување и програма за реформи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП