23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот Landings Resort (фото)

Прекрасниот Landings Resort (фото)

laal1

Како исклучително одмаралиште во Санта Луција, „Landings Resort“ е прекрасно место кое се наоѓа на брегот на заливот Родни, длабоко во Карибите…

Со своите пет ѕвездички, овој луксузен резорт има современи соби и ултимативно ниво на луксуз, обезбедувајќи во исто време и панорамски погледи кој плажите на овој прекрасен остров.

Се наоѓа на северозападната обала на Санта Луција, на час и половина од Хаванора и на околу 20 минути од аеродромот Чарлс, ова место е рај на земјата – се состои од 122 супериорно опремени вили, кои имаат поглед на прекрасната песочна плажа.

„Landings Resort“ ви нуди можност за релаксација во мирните и топли води, далеку од работните активности. Дополнителни интересни работи кои ќе го надополнат вашиот ден е барот на плажата и ресторанот, во кој можете да уживате во гурманските оброци и специјални коктели.

Ресортот има свое пристаниште, персоналот на резортот има составена програма на настани која е наменета за гостите. Тука е и ресторанот „Palms“, мирно и интимно место, со префинети оброци. Менито на ресторанот вклучува гастрономски луксузни задоволства како што е димениот ќебап од јастог со цимет и питон во пивски сос на скара.

Уживајте во прекрасните фотографии…

laal7

laal6

laal3

laal4

laal5

laal2

laal8

laal9

laal10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП