28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Samsung намален за 60 %

Профитот на Samsung намален за 60 %

samsun1

Оперативниот профит на „Samsung“ во третиот квартал се прогнозира на 4,1 илјади милијарди вони или 3,8 милијарди дoлари, што е за 59,65 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Според прогнозите на компанијата приходите ќе изнесуваат 47 илјади милијарди вони (43,9 милијарди долари), 20,45 проценти помалку во однос на третиот квартал минатата година, пренесува агенцијата Тас.

За цела 2014 година „Samsung“ предвидува пад на приходите на годишно ниво од 9,67 проценти, на 153 илјади милијарди вони (143 милијарди долари). Оперативниот профит ќе се намали  за 30,52 проценти, на 19,78 илјади милијарди вони (18,5 милијарди долари).

Поради падот на профитот, „Samsung“ веќе презема некои чекори и инвестираше 14,7 милијарди долари во новата фабрика за чипови, која ќе ги снабдува и конкурентите на полето на мобилната технологија.

„Samsung“ е меѓународна компанија која произведува електроника – полупроводници, телекомуникациска опрема, мемориски чипови, екрани со течни кристали, мобилни телефони и монитори.

Седиштето на компанијата се наоѓа во главниот град на Јужна Кореја – Сеул. Вредноста на акциите на „Samsung“ на корејската берза пораснаа за 1,56 проценти, на 1,17 милиони вони (1,093 милиони долари), а капитализацијаа изнесува 176,3 илјади милијарди вони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП