29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКупувањето на WhatsApp веќе го чини Facebook 22 милијарди долари

Купувањето на WhatsApp веќе го чини Facebook 22 милијарди долари

facebook-whatsapp223

Во почетокот на оваа недела „Facebook“ го финализира купувањето на мобилната апликација „WhatsApp“, а конечната цена се зголеми за дополнителни 3 милијарди долари или до околу 22 милијарди долари. Причината за тоа е што во последните месеци поскапеа акциите на „Facebook“.

Во текот на 4-годишен период основачот на „WhatsApp“, Јан Коум ќе добие акции од скоро 2 милијарди долари, што ќе служи како поттик за него да остане во компанијата.

Аквизицијата што „Facebook“ ја објави во февруари и за што неодамна доби одобрување од регулаторните тела во Европа, е пример за исклучително високите износи на кои се оценуваат брзорастечките Интернет компании и желбата на основаните играчи, како „Facebook“ и „Google“ да плати за нив.

„WhatsApp“, која има над 600 милиони корисници месечно, е меѓу апликациите кои станаа екстремно популарни меѓу младите корисници. Апликацијата за размена на фотографии „Snapchat“ во моментов се проценува на 10 милијарди долари.

„Facebook“ ќе плати 4.59 милијарди долари во кеш и 178 милиони од своите акции за „WhatsApp“, како и 46 милиони со право за стекнување на акции од страна на службеници на „WhatsApp“ во рамките на 4-годишен период.

По отворањето на берзата, цената на акциите на „Facebook“ вчера беше 77.17 долари, па така трансакцијата за „WahtsApp“ се проценува на околу 21,8 милијарди долари.

Коум, кој се уште е главен извршен директор на „WhatsApp“ и зазеде официјална позиција и во Facebook, ќе добива годишна плата од 1 долар, слично на главниот извршен директор на „Facebook“, Марк Цукерберг. Коум ќе добие 24,9 милиони акции на „Facebook“ во вредност од скоро 1,9 милијарди долари по нивната цена од понеделникот.

Седиштето на „WhatsApp“, во кое има над 70 вработени, ќе продолжи да биде во Маунтин Вју, Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП