24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрациозна колекција за осветлување (фото)

Грациозна колекција за осветлување (фото)

oss1

Ова се столните ламби и лустерите споени во колекција која говори за убавината која металот и жиците можат да ви ја донесат во вашиот ентериер…

Во префинетиот домашен ентериер, ваквите парчиња веднаш ќе им го прилечат вниманието на вашите гости. „Fil de fer“ колекцијата на брендот „Forestier Paris“ претставува грациозност во осветлувањето на современите простории.

Тие претставуваат три верзии на столни ламби и лустери „Imperatrice“, „Opium“ и „Tibet“.

Елеганцијата која е претставена преку заоблените метални жици совршено се вклопува со различните дизајни на ентериерот и амбиентот, креирајќи удобна и префинета атмосфера.

Модерните домови се совршени за изложување на овие елегантни и луксузни предмети за осветлување, без оглед дали ќе се одлучите тие да стојат над трпезариската маса или на клуб столчињата во вашата дневна соба, секако дека овие ламби ќе ви ја разубават ноќта.

oss2

oss3

oss4

oss5

oss6

oss7

oss8

oss9

oss10

oss11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП