19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал праќа скаути за Јулијан Дракслер

Арсенал праќа скаути за Јулијан Дракслер

Julian-Draxler1345

Раководството на Арсенал се повеќе очигледно се насочува кон ѕвездата на Шалке 04, Јулијан Дракслер. Англискиот гигант испратил свои скаути да ги набљудуваат настапите на германскиот репрезентативец, околу чија иднина веќе се шпекулира во последниве две години.

Сигурно луѓето на „топџиите“ го гледале Дракслер во натпреварот против Марибор во Лигата на Шампионите, кој заврши со резултат 1: 1.

21-годишниот фудбалер неодамна се покажа како доста самокритичен, велејќи дека во моментов не настапува на ниво со кое ќе го разбуди интересот на некој голем тим. Сепак, изгледа тој го постигнал токму тоа со Арсен Венгер.

Во договорот на Дракслер фигурира клаузула за откуп од 37 милиони фунти, а на „Островот“ веруваат дека Арсенал ќе се обиде да ја активира.

Останува да се види, дали тимот од Лондон ќе реагира во зимскиот преоден рок или можеби тоа ќе го сторат по завршувањето на оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП