26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема во јануари преминува во Ливерпул?

Бензема во јануари преминува во Ливерпул?

karimco2

Напаѓачот на мадридски Реал, Карим Бензема во јануари ќе ги засили редовите на Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.

Весникот „Дејли Стар“ објави дека трофејниот англиски клуб прифатил во зимскиот преоден рок за францускиот репрезентативец да исплати сума од 38.8 милиони фунти.

Според вестта, менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс со сите сили настојува да ангажира напаѓач од светска класа, по лошиот старт на „црвените“ во оваа сезона.

Клубот од „Енфилд“ моментално го зазема 14-тото место на таблета во Премиер лигата, а во групната фаза од Лигата на шампионите забележа по една победа и пораз.

26-годишниот Бензема премина во Реал Мадрид во 2009-та година од Лион и на 243 натпревари постигна 113 гола.

За националната репрезентација на Франција досега има 73 настапи, а притоа 24 пати ги тресеше противничките мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП