28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Samsung бележи пад

Добивката на Samsung бележи пад

South Korea Samsung

Добивката на јужнокорејскиот производител на електроника „Samsung“ најверојатно е во пад и во третиот квартал, како последица на слабеењето на пазарот на смартфони.

Според проценката на аналитичарите, компанијата „Samsung“ во третиот квартал забележила пад на оперативниот профит од 45 проценти на 5,6 илјади милијарди јужнокорејски вони (4,17 милијарди евра).

Тоа е најслабиот резултат на оваа компанија, од четвртиот квартал во 2011 година. Во истиот период претходната година, компанијата забележа рекорден оперативен профит од 10,2 илјади милијарди вони.

„Samsung“ податоците од јули до септември оваа година би требало да ги објави околу 7. октомври. Во четвртиот квартал, според очекувањата, би требало да започне закрепнувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП