19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани е тажен, разделбата е неизбежна?

Кавани е тажен, разделбата е неизбежна?

kavani 333

Уругваецот потворно е актуелна тема, а веќе се прави платформа за разој на зимските трансфер шпеклуации.

Според информациите кои може да се прочитаат во британските медиуми, Едисон Кавани не се чувствува добро во Париз, па поради тоа сака да си замине што е можно побрзо.

Слични шпекулации можеа да се прочитаат и во минатата сезона, кога се говореше дека Уругваецот не е задоволен од фактот дека му е доверена втората виолина, зад Златан Ибрахимовиќ, како и дека не се вклопил најдобро во екипата која ја води Лоран Блан.

Во комбинација со незадоволувачкиот старт на сезоната во рамките на домашното првенство, овој пат се оди дотаму дека Кавани „не наликува на себе“, т.е. дека е „многу тажен“.

Повикувајќи се на наводната изјава на поранешниот голман на ПСЖ, Жером Алонсо, англиски „Стар“ тврди дека разделбата ќе се случи наскоро.

„Повеќе не можеме да го препознаеме Кавани. Делува многу тажен, во очите не му се гледа жар и искра. Тоа се одразува на неговата игра“, вели Алонсо.

Споменатиот англиски медиум во продолжение наведува дека за услугите на овој фудбалер интерес моментално покажал Арсенал, кој и претходно беше поврзуван со Кавани, но и Ливерпул.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП