26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро на пазарот ќе пристигне и златен iPad

Наскоро на пазарот ќе пристигне и златен iPad

ipad gold2

„Apple“ новиот „iPad“ ќе го направи конзистентен со остатокот од понудата. Како што „iPhone“ е достапен во златна боја, истото го чека и таблетот на компанијата.

Информацијата ја пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори кои се добро запознаени со плановите на „Apple“, а новиот 9.7-инчен „iPad“ би требало да биде претставен до крајот на месецот. Најверојатно паралелно ќе биде претставена и финалната верзија на „OS X – Yosemite“, која дава можност да се продолжи со работа од компјутер на таблет.

Од новитетите кои таблетот ќе ги има се истакнува читачот на отисоците на пристите „Touch ID“ и процесорот од последната генерација „А8“. Иако „iPad“ нема да има „NFC“, за авторизација при користење на системот за плаќање „Apple Pay online“, најверојатно ќе се користи отисокот на прстот.

Ова е еден од обидите со кои „Apple“ ќе настојува да го стопира падот на продажбата на „iPad“, велат аналитичарите. Во последниот квартал забележан е 9-процентен пад на испораките или на 13.3 милиони уради, што е разултат послаб од очекуваниот. Еден квартал претходно испораките беа послаби за 16 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП