Компанијата „Brikk“ е многу добра во креирањето на висококвалитетни, луксузни уреди…
Кога станува збор за позлатување на уредите, таа е уште подобра. Обично, уредот на кој работат е iPhone, но овој пат, американскиот бренд на луксузни аксесоари се одлучи за нешто малку поинакво – тие го претстваија „“ Nikon DSLE фотоапаратот декориран со 24-каратно злато.
Најавен претходно овој месец, „Brikk Lux Nikon DF“ фотоапаратот и Nikkor 14-24 f/2.8 објективот се прекриени со чисто 24-каратно злато, па на секоја ваша серија од фотографирање ќе и дадат доза гламур.
Се очекува дека фотоапаратот и објективот ќе се најдат во продажба во месец ноември. Како што дознавме, комплетот ќе се продава луксузно спакуван, а неговата цена ќе изнесува околу 30.000 долари