20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ги продава акциите од „Јапан Тобако“

Јапонија ги продава акциите од „Јапан Тобако“

cigari1

Јапонската Влада планира да ги продаде акциите во компанијата „Јапан Тобако“ за околу 967 милијарди јени (7,86 милијарди евра).

Компанијата потврди дека би сакала да ги откупи своите акции за 250 милијарди јени.

Приходот од продажбата би требало да и помогне на владата да ги покрие трошоците за реконструкција на областа која во март 2011 година силно беше погодена од земјотрес, а потоа и од цунами.

Станува збор за најголемата понуда на државни акции од 2010 година, кога владата ги продаваше своите акции во осигурителната компанија „Даи Ичи Лајф“ за 8,34 милијарди евра.

Министерството за финансии во Токио поседува околу една милијарда акции или 50 проценти удел во компанијата „Јапан Тобако“, од кои една третина ќе биде понудена на продажба.

Вредноста на акциите на таа компанија минатата недела беше 2,901 јени за акција, што значи дека вредноста на понудените акции е околу 967 милијарди јени.

Од средината на ноември 2012 година, кога јапонската валута започна да слабее, вредноста на акциите на „Јапан Тобако“ се зголеми за 34 проценти, благодарение на поголемите приходи од странство пресметани во јени. „Јапан Тобако“ половина од својот профит го остварува во странство.

Компанијата минатиот месец ја зголеми прогнозата за својата добивка за фискалната година која завршува на 31 март, на 330 милијарди јени, од првичните 318 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП