29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаблетот Huawei Honor

Таблетот Huawei Honor

honor tablet

„Huawei“ претстави нов буџетски таблет, која за релативно малку пари има метално куќиште, т.е. „IPS“ екран со големина од 8-инчи и резолуција од 1280 x 800 пиксели. Новиот таблет наскоро ќе се појави на пазарот (засега само во Малезија) под името „Honor“, a веќе сега е достапен за нарачка по цена од 185 долари.

Таблетот има димензии од 210,6 x 127,7 x 7,9 милиметри, максимална тежина со вклучена батерија од 390 грама. Овој уред го користи процесорот „Qualcomm Snapdragon 200 (MSM8212) SoC“ со такт од 1,2 Ghz, а работи на нешто постарата „Jelly Bean (4.3)“ верзија на „Android“.

„Honor“ располага со 1 GB RAM, 16 GB интерна меморија, која по потреба може да се прошири по пат на „micro SD“ мемориска картичка за дополнителни 32 GB. Овој уред има и две камери со резолуција од 5 MP и 0,3 MP. Покрај „Bluetooth“, „GPS“, и „Wi-Fi“ поддршка, „Honor“ поддржува и 3G мрежа, па така може да се користи и како поголем телефон/смартфон.

Вградената батерија има капацитет од 4800 mAh, што според пресметките на производителот е сосема доволно за 300 часа работа, односно 20 часа слушање музика, 10 часа гледање видео записи, како и 16 часа „сурфање“ на Интернет. Комбинирано сурфање, гледање видео, слушање музика, таблетот во просек може да понуди до 13 часа автономија. Повторното полнење (до 100%) трае меѓу 4 и 6 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП