20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд јуни сите на работа во Yahoo!

Од јуни сите на работа во Yahoo!

Yahoo11

Промената е добра работа која им помага на компанијата и вработените секогаш да бидат активни, а се чини дека за главениот Извршен директор на Yahoo, Мариса Мајер, не постојат проблеми кога се во прашање промените, откако дојде на чело на компанијата во 2012-та година.

Нејзината најнова организацискa промена нема да направи среќни многу од вработените во Yahoo кои работат од дома, затоа што таа привилегија им е укината.

Во интерниот меморандум, кој процури на интернет, стои дека сите вработени се должни од јуни редовно да доаѓаат на работа, без разлика дали цело време работеле од дома или повремено, затоа што ќе нема исклучоци.

Ваквиот меморандум е со цел луѓето да почнат да работат заедно и едни покрај други, а тоа е се поради подобрата комуникација и соработка при развивањето на нови проекти.

Yahoo има вработено 11.500 луѓе во преку 20 земји ширум светот и останува да се види како оваа промена ќе влијае на бројните „креативци“ во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП