19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадна Фунтата по намалувањето на кредитниот рејтинг на Велика Британија

Падна Фунтата по намалувањето на кредитниот рејтинг на Велика Британија

padna-funtata

Вредноста на британската фунта опадна денеска на сите финансиски пазари, откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија.

Тоа предизвика пад на фунтата кон американскиот долар, на најниско ниво во последните 2,5 години, како и кон еврото на нивото што последен пат е забележано пред 16 месеци.

Во петокот „Мудис“ прв пат по 1974 година, го намали британскиот рејтинг од досегашните ААА на Аа1. Фунтата опадна за 7 отсто во однос на доларот и 7,5 отсто во однос на еврото.

За една фунта, во просек сега се добиваат 1,5 долари, додека за еврото 87 пени или 17 пени повеќе отколку пред три месеци.

Британските опозициски лабуристи го оценија намалувањето на кредитниот рејтинг како „понижување“ за Велика Британија и за нејзината економија, но пред се за коалициската Влада на премиерот Дејвид Камерон и нејзината економска политика. Лабуристите бараат од Владата промена на досегашниот курс на економската политика, обвинувајќи ја за погрешно водење на државата.

Економски експерти во Лондон оценуваат дека падот на рејтингот најтешко ќе го погоди министерот за финансии Џорџ Озборн, кој не веруваше во стабилизацијата на европската финанска ситауција и во опоравувањето на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП