27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан си заминува од „Сан Сиро“

Милан си заминува од „Сан Сиро“

san siro 22

Потпретседателот на Милан, Барбара Берлускони, ја објави конечната одлука на раководството на клубот, а тоа е за изградба на нов стадион и заминувањето од „Сан Сиро“ во блиска иднина.

„Росонерите“ веќе го активираат својот план и напорно работат на вадењето на дозвола за градба и постигнувањето на договор со општинските власти во врска со теренот на кој ќе биде издигнат новиот објект.

Во изминатата недела Барбара Берлускони одржа неколку состаноци со претседателот на Интер, Ерик Тохир, на кои беше дискутирано за иднината на стадионот.

„„Сан Сиро“ е неверојатен стадион, каде приказните на Милан и Интер се испреплетуваат. И двата клуба постигнаа големи успеси на овој терен, но денес објект веќе не е доволен за нас“, коментираше Берлускони.

„Стадионот треба да обезбедува различни услуги и да има добра инфраструктура. Тој треба да е отворена седум дена во неделата, не само за натпреварот. Во Италија во моментов има многу потешкотии. Финансиската поддршка од државата, регионот и Градското собрание е премногу мала“, додаде потпретседателот на Милан.

„Голем проблем за италијанскиот фудбал во моментов е како да се вратиме во врвот во Европа. Ние мора да го следиме германскиот модел. Во 2000-та година, кога тие беа разочарани од настапот на Европското првенство, тие направија промени во управувањето на фудбалот, правилата, стадионите, базите и работата во академиите. Тоа беше сторено не само на национално ниво, туку и на клубско. Мислам дека нашиот проблем е прилично општ и поврзан со случувањата во земјата како целина“, додаде Барбара Берлускони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП