19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba не запира! Компанијата ќе основа сопствена банка!

Alibaba не запира! Компанијата ќе основа сопствена банка!

Alibaba_BetaAP

Кинеската компанија за трговија преку Интернет – „Alibaba“, која овој месец имаше најголема иницијална јавна понуда во историјата, доби денеска „зелено светло“ за основање сопствена приватна банка.

„„Alibaba“ ќе биде мнозински акционер со 30-процентен удел во приватната банка која ќе биде основана во источната кинеска покраина Џенџанг“, се наведува во соопштението на кинеската комисија за регулирање на банкарскиот сектор (CBRC).

Останатите акционери во новосоздадената банка ќе бидат, приватниот конголмерат „Fosun“ (со удел од 25 отсто), потоа кинескиот производител на авто-делови „Wanxiang“ (18 проценти акции) и инвестициската компанија „Ningbo Jinrun Asset Management“ (16 отсто акции).

За време на неодамнешната јавна понуда на акции на берзата во Њујорк, компанијата „Alibaba“ собра 25 милијарди долари, што е најголемо „IPO“ во историјата на една компанија и поради тоа основачот на „Alibabа“, Џек Ма, стана најбогат поединец во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП