24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоселениците,терет или профит на германските градови

Доселениците,терет или профит на германските градови

germanijaaaa

Во потрага за подобар живот Ромите од Бугарија и Романија заминуваат во Германија, па така нивното згрижување претставува голем финансиски проблем за општините, затоа што интеграцијата на овие доселеници започнува од нула.

Бројот на доселеници постојано расте, а како пример ќе го земеме Дуизбург, кој се наоѓа пред банкрот затоа што не е во можност да ги зголеми трошоците за интеграциските мерки. Слична е ситуацијата и во другите поголеми германски градови, како што се Дортмунд, Келн, Хановер и Манхајм.

Според една анализа на германската асоцијација на градови, бројот на имигранти од земјите членки на ЕУ, Романија и Бугарија во последните пет години од 64.000, порасна на 147.000. Сиромашните општини стравуваат дека ситуацијата би се влошила кога во Европската унија во 2014-та година ќе биде укинато ограничувањето во слободата на движење на работната сила од овие држави.

До сега, Романците и Бугарите среќата ја бараа во земјите од јужна Европа, како што се Шпанија и Италија. Но поради кризата во овие земји невработеноста се зголеми, па така доселениците немаат никакви шанси да пронајдат работа. Сепак, врз основа на искуствата на Шпанија и Италија може да се каже дека не постои причина за паника.

„Во Шпанија и Италија видовме дека Бугарите и Романците одлично се интегрираа на пазарот на труд, како негуватели,земјоделци, но и во угостителството и градежништвото“, вели професорот Брукер од германскиот институт за пазарот на трудот.

Тој додава дека многумина од мигрантите од членките на ЕУ се со средно или високо образование, па така нема разбирање за општините и нивните поплаки, затоа што доселениците ќе работат и ќе плаќаат даноци со што ќе се полнат градските каси.

Но, високообразованите доселеници вообичаено не завршуваат во градовите со голема стапка на невработеност, како што се Дуисбург, Дортмунд и Мајнхам, таму претежно остануваат Ромите кои во своите земји се дискриминирани и прогонети. Нив дома не им се овозможува образование, а честопати немаат пристап ниту до здраствениот систем и обично немаат никаква професија.

Повторното доаѓање на голем број на мигранти ќе биде нов предизвик за германското општество, па останува да се види како најголемата европска економија ќе се справи со тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП