среда, 1 февруари 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАзар ја отфрли можноста да се пресели во ПСЖ

Азар ја отфрли можноста да се пресели во ПСЖ

azar eden

Еден Азар ги отфрли сите можности да го напушти Челзи и да премине во ПСЖ. Белгискиот репрезентативец е поврзуван со трансфер во францускиот клуб кој пројавува многу сериозен интерес за него.

Азар сепак е категоричен дека во моментов воопшто не размислува за варијантата да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да се врати во Лига 1.

Од Челзи веќе му понудија нов петгодишен договор на Азар и неделна плата од 200 илјади фунти.

Очекувањата се Еден Азар да стави потпис на новиот договор со Челзи во следниот месец.

„ПСЖ се наоѓа во истиот свет, во кој е и Челзи. За да бидат топ клуб, сепак треба да ја добијат Лигата на шампионите. Јас се чувствувам добро во Челзи. Тоа е тимот во кој јас сакам да продолжам, а ПСЖ воопшто не е во моите мисли“, изјави Азар.

„Да се вратам во Лига 1? Можеби и тоа ќе се случи еден ден. Би играл сепак само за Лил. Лига 1 е силно првенство, но не е најдобро во Европа“, додаде Белгискиот интернационалец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП