
Гувернерот на Банката на Грција и член на Управниот одбор на Европската централна банка Јоргос Провопулос, денес изјави дека рецесијата го намалила грчкиот бруто домашен производ (БДП) за 20,1 проценти во периодот од 2008 до 2012 година, истакнувајќи дека економијата полека закрепнува, откако земјата избегна банкрот и исклучување од еврозоната. Провопулос истакна дека грчката економија ќе остане во рецесија и во 2013 година, со очекуван раст на невработеноста, пренесува агенцијата АП.

