26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако ќе се нарекува новата верзија на Windows?

Како ќе се нарекува новата верзија на Windows?

windows ime

Следната недела, во вторник 30-ти септември, „Microsoft“ во Сан Франциско ќе одржи конференција посветена на новата верзија на оперативниот систем „Windows“. Добро упатени извори тврдат дека на истата ќе биде претставен наследникот на моменталната „осмица“, која се развива под кодното име „Threshold“.

Меѓутоа, најновите информации говорат за тоа дека компанијата би можела да се откаже од досегашната пракса за означување на „Windows“ со бројки, па така следната верзија не би требало да се нарекува „Windows 9“.

Се очекува следната недела да дознаеме големи новитети кои се поврзани со самиот „Windows“ – или оперативниот систем ќе добие целосно ново име, или во иднина ќе се нарекува само „Windows“, без дополнителни ознаки.

Овој потег би требало да има двојна улога. Истовремено би требало да и покаже на технолошката заедница дека „Microsoft“ под водство на новата управа се движи во нов смер, како и да се избришат сите негативни конотации со кои е поврзана моменталната верзија, „Windows 8“.

Како и да е, за евентуалните новитети во промената на имиџот, како на „Windows“, така и на самиот „Microsoft“, ќе мораме да почекаме уште неколку дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП