25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel Corp. купува по 20 проценти удел во две компании за чипови

Intel Corp. купува по 20 проценти удел во две компании за чипови

Technology 2007 rank: 40 Average pay:

„Intel Corp.“ соопшти дека ќе плати 1.5 милијарди долари за удел од 20 проценти во две компании за производство на чипови за мобилни уреди. Така „Intel Corp.“ се надева да се израмни на пазарот во овој сектор во кој доминира конкурентот „Qualcomm“.

Компанијата ќе се здобие со удел во „Spreadtrum Communications“ и „RDA Microelectronics“ преку договорот со „Tsinghua Unigroup“ – приватна инвестициска компанија поврзана со владата, која ги поседува двата производители на чипови.

Американската компанија за полупроводници, познати чипови кои се користат во персоналните компјутери, се стреми да се развие повеќе на пазарот на таблети и паметни телефони. Овој договор ќе му овозможи на „Intel Corp.“ да стапне на кинескиот пазар за мобилни чипови.

Во исто време, двата кинески производители на чипови ќе добијат поддршка од американскиот гигант за дизајнот и развојот на чиповите – област која има исклучително стратешко значење според владата во Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП