ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВеличествената јахта Elada (фото)

Величествената јахта Elada (фото)

ell1

„Elada“ е јахта од 45 метри, која е дело на турското бродоградилиште „Bilgin Yachts“, а нејзиниот ентериер и екстериер се дело на „H2 Yachts Design“ студиото…

Оваа јахта е нарачана во 2012 година, а своето деби го имаше на почетокот на оваа година, при што нејзиниот најинтересен дел е необичниот резервен лак. Овој примамлив брод не е посебен само по своите интересни линии на екстериерот, туку и поради светлосините елементи кои му даваат елегантен и опуштен изглед. Други важни погодности се флексибилната врата преку која се влегува во големиот паб, како и пространиот екстериер со сосема доволно место за сончање, рекреација и забава.

Ентериерот на „Elada“ е подеднакво гостопримлив. Претставува мешавина од класичното и модерното, со акцент на традиционалните елементи. Луксузните детали и високо-квалитетните материјали како оникс, махагони и венге дрвото, креираат топла и удобна атмосфера во која гостите се чувствуваат како дома. За гостите постојат шест луксузно опремени кабини, во кои можат да бидат сместени 12 лица.

Како што напоменавме и претходно, оваа јахта дебитираше на почетокот на годината, во моментов е во приватна сопственост, без можност за изнајмување, но можете да ја видите како крстари по Медитеранот.

ell2

ell3

ell4

ell5

ell6

ell7

ell8

ell9

ell10

ell11

ell12

ell13

ell14

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП