18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата поевтини поради изборите во Италија

Нафтата поевтини поради изборите во Италија

nafta-italija

Утрово опадна цената на нафтата, бидејќи трговците се во исчекување на исходот од изборите во Италија, кои можат да доведат до слабеење на вредноста на еврото, наведуваат аналитичарите.

Нафтата за ориентациска испорака во април, на електронското наддавање на Њујоршката стокова берза опадна за шест центи, на 93,07 долари за барел.

Европската „брент“ нафта, што се користи за одредување на цената на различни типови странска нафта, ослабна за 12 центи, на 113,98 долари за барел.

– Изборите во Италија ќе завршат вечерва и тоа е тоа што трговците ги држи внимателни, наведува консултантската куќа „ИГ маркетс“ од Сингапур.

Според анкетите во Италија, во водство е коалицијата на чие чело е Пјер Луиџи Берзани со 34 отасто гласови, потоа следи коалицијата на Берлускони со околу 30 отсто, Бепе Грило со 17 и Марио Монти со околу 11 отсто поддршка.

Берзани наведе дека, доколку победи на изборите, ќе продолжи со буџетската дисциплина што ја почна Монти, што ги израдува финансиските пазари. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП