29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ на Пакомак во соработка со...

Со проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ на Пакомак во соработка со Шпаркасе Банка беа селектирани 1.500.000 шишиња

aag

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак во соработка со Шпаркасе Банка денес ги додели наградите за проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“. Добитници се основните училишта од шест општини во Скопје и тоа: ОУ „11 Октомври“-Центар, ОУ „Рајко Жинзифов“,подрачна единица-Кисела Вода, ОУ „Крум Тошев“-Гази Баба, ОУ„Мирче Ацев“-Ѓорче Петров, ОУ „Гоце Делчев“-Аеродром и ОУ „Вера Циривири Трена“-Карпош. Станува збор за проект кој се одржува веќе втора година по ред, a чија идеја е подигнување на хигиената во училиштата со донација на течен сапун соглсно нивните потреби, мотивација на децата за селектирање на амбалажен отпад како и едукација за бенефитите од рециклирањето.

aag

Во рамките на оваа успешна акција беа вклучени 60 основни училишта од 6 општини: Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба и беа собрани над 1,5 милиони пластични шишиња или повеќе од 40 тони пластичен отпад кој беше однесен на рециклирање. Со проектот директно се ангажираа и информираа над 30.000 семејства во Скопје кои почнаа да го селектираат отпадот и заедно да размислуваат и разговараат за екологијата, за дивите депонии, за идните предизвици на планетата Земја и за тоа како паметно да се селектира отпадот за да добиеме почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почисто училиште.

aac

Навистина сме задоволни од импактот кој го постигнавме со овој проект кој за првпат го промовиравме во 2012 година. Резултатите се доказ за напредокот кој е постигнат, односно првата година беа собрани 25 тони ПЕТ отпад, а 2013-2014 година повеќе од 40 тони или 1.500.000 шишиња. А како посебен успех ја сметаме мотивацијата која ја поттикнавме кај најмладата популација да се инволвира во селектирањето на пластичниот отпад. Нашата цел е да продолжиме со оваа акција и во иднина и овие бројки да се зголемуваат од година во година“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

abb

„Соработката на Шпаркасе со Пакомак до сега се покажа како навистина успешна и секој завршен проект ни претставува доплнителен поттик оваа приказна да продолжи и понатаму. Кога го започнавме проектот пред  1 годинa, се приклучивме кон процесот на создавање еколошка свест кај најмладите. Денешните награди се дополнителна мотивација за учесниците да истраат во определбите за чиста животна средина, и преку личен пример и придонес да ја јакнат и општествената одговорност“, изјави Ивана Макенаџиева, од Службата Маркетинг и комуникации  во Шпаркасе Банка.

aaa

Воедно Пакомак го искористи доделувањето на наградите за да го промовира и својот нов проект „3Д еко автобус“ наменет за ученици од прво до петто оделение. Станува збор за 40 минутна 3Д инеркативна обука со предавање, проекција на 3D филм и игра-тест со систем за интерактивно поврзување со публиката која ќе се одвива во рамките на еколошкиот автобус, стациониран во близина на училиштата. Целта е преку забавна и интерактивна програма децата да се здобијат со знаење и личен позитивен однос кон одделно собирање на отпадоците од пакување и придобивките за сите нас, градот, во кој живееме, животната средина и општеството како целина, како и формирање на навики за секојдневно одговорно однесување кон околината. Овој проект минатата година во Бугарија се покажа како извонредно успешен, па позитивните искуства од соседството Пакомак ќе ги пренесе и во училиштата кај нас со цел да се мотивираат децата за активно однесување и пренесување на наученото меѓу пријателите и во семејната средина.

Пакомак е непрофитабилна компанија која има за цела да остави печат на позитивни и социјално одговорни промени во општеството. Општествената одговорност за Пакомак е бизнис-императив и како успешна и современа компанија има влијание врз своите партнери, околината и врз целото општество. Пакомак на општествената одговорност гледа како на стратешка цел на долг рок, која има за крајна цел подобрување на целокупниот квалитет на живот во окружувањето во кое дејствува, преку грижата за животната средина која е и основна дејност на компанијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП