27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M: Пад на продажбата во септември

H&M: Пад на продажбата во септември

BN-ES163_hm0925_G_20140925031859

Шведскиот ланец на продавници за облека „H&M“ објави силен скок на приходите во третиот фискален квартал, но предупреди дека купувачите поради невообичаеноти топло време го одложиле купувањето на есенската колекција, па затоа продажбата во септември слабо се одвива.

Во тримесечниот период до крајот на август, шведската компанија остварила добивка од седум милијарди круни (974 милиони долари), што е за 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Приходите се зголемени за 21 процент, на 45,3 милијарди круни.

Летните колекции наидоа на добар прием меѓу купувачите и со тоа групацијата го зголеми пазарниот удел, се истакнува во соопштението.

„Продолживме да го зголемуваме пазарниот удел, благодарение на силниот развој на продажбата на сите наши брендови. Сметаме дека тоа е доказ дека колекциите се добро прифатени“, изјави извршниот директор Карл Јохан Персон.

Предупредувајќи сепак дека поради неочекуванотo топло време и одложувањето на купувањето на есенските колекции продажбата е забавена во периодот од 1 до 23 септември, за седум проценти, а во однос на август за речиси 20 проценти. Поради тоа месец септември би можел да биде месец во кој е забележан најбавниот раст оваа година, напоменаа од компанијата.

Компанијата планира оваа година да отвори нови 375 продавници во светот, но напомена дека ќе го одложи отворањето на продавниците во Индија, не споменувајќи ги причините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП