28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMapfre го купува бизнисот на Direct Line во Германија и Италија

Mapfre го купува бизнисот на Direct Line во Германија и Италија

Mapfre-Direct-Line-Italia-Alemania_EDIIMA20140925_0090_4

Шпанската осигурителна компанија „Mapfre“ ќе се здобие со осигурителните поделби во Италија и Германија на најголемиот британски автомобилски осигурител „Direct Line“ за 550 милиони евра (700 милиони долари). Договорот веднаш ќе го зголеми профитот на компанијата, објавија од „Mapfre“.

„Италијанските и германските средства кои се предмет на стекнување, се апсолутно стратешки за „Mapfre“, поддржувајќи ги двете главни линии на нашиот глобален план за раст и ќе ни дозволат да го зголемиме работењето во Европа“, изјави претседателот на компанијата, Антонио Хуертас.

„Mapfre“ развива дејност во 47 земји, има над 23 милиони корисници низ целиот свет и е меѓу 10-те најголеми осигурителни компании во Европа во однос на приходите. Повикувајќи се на свои извори, „Reuters“ објави во јули дека „Direct Line“ е во напредна фаза на преговори барем со четири кандидати за продажба на единиците.

Активностите на „Direct Line“ во Италија била главна атракција за кандидатите-купувачи, меѓу кои биле германската „Allianz“ и француската „Axa“. Во Германија, „Direct Line“ е третиот најголем играч на пазарот за онлајн автомобилско осигурување со околу 600.000 клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП